Бучковски во понеделник ги почнува консултациите во Софија со претставници на бугарското МНР, пренесува Канал 5.
Целта е, како што наведуваат од Канал 5, враќање на довербата кон Договорот за добрососедство. На маса ќе биде ставен акцискиот план, или таканаречениот патоказ за имплементација на Договорот, кој е еден од трите клучни барања на Софија. Во зависност од напредокот во усогласувањето на текстот со бугарската страна, не се исклучува можност специјалниот претставник да се сретне и со министерката за надворешни работи Захариева.
Бучковски за Канал 5 потврдил дека се интензивира комуникацијата со Бугарија, без да наведе повеќе детали.
Дека има сериозни обиди за обновување на комуникацијата потврди и бугарскиот вицепремиер Каракачанов, кој за бугарските медиуми, изјави дека во вторник или во среда ќе има средба со Бучковски во Софија.