Државната Комисијата за заштита од дискриминација утврди дека Никола Груевски во изминатиот период бил жртва на директна дискриминација од страна на Основниот суд Скопје 1 и судијката Добрила Кацарска.
Директната дискриминацијата врз поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник Никола Груевски, е утврдена дека е извшена и од страна на Основниот суд Скопје 1, и од страна судијката Добрила Кацарска која во крајно контраверзна и незаконска експресно водена постапка со брзина како за никој друг претходно во Р.Македонија и со огромен број прекршувања на постапките, како и непрофесионално однесување без валидни докази го осуди Никола Груевски на две години затвор, стои во образложението на мислењето на КЗД.
Истиот суд се подготвува деновиве да ја одбие жалбата по решението за одложување на извршување на санкцијата и можеби до петок, или најдоцна понеделник експресно да го испрати Груевски во затвор.
И самиот Никола Груевски, но и бројни правни експерти во повеќе наврти јавно потенцираа дека поранешниот премиер и актуелен пратеник е изложен на видлив и класичен политички прогон, на политичка хајка во која СЈО и судот се само инструмент и безпоговорен извршител на актуелната власт за негово политичко елиминирање, понижување, тортура и преку монтиран судско политички процес негово ставање во затвор.
Мислењето на независната комисија за заштита од дискриминација е прва официјална и институционална реакција и правен став на независен државен орган одговорен пред македонскиот парламент.
Утврдена директна дискриминација од независна државна комисија за заштита од дискриминација, од страна на судот, врз поранешен долгогодишен Премиер и пратеник од опозиција, во секоја нормална држава е скандал од невидени размери, кој неможе да се релативизира или задскрие и неможе да заврши без соодветна реакција на судските надзорни органи но и поширока општествена и институционална реакција.
Во мислењето е наведено дека врз Никола Груевски е извршена директна дискриминација од член 6 став 1, а врз основа на личен и општествен статус како поранешен претседател на Влада на Република Македонија и поранешен претседател на политичка партија од член 3 во областа на правосудство и управа со член 4 од законот за спречување и заштита од дискриминација, што како последица имало одземање или нарушување и ограничување на еднакво признавање на правото на правично судење како основно човеково право од страна на судијата Добрила Кацарска од Основниот суд Скопје 1 Скопје.
-Се утврдува директна дискриминација на Никола Груевски од член 6 став 1 врз основа на личен и општествен статус од член 3 од законот за спречување и заштита од дискриминација поради поставување во неповолна положба со необезбњдување на потребните критњриуми за правично судење од страна на Основен суд Скопје 1 Скопје, стои во мислењето на Комисијатa.
Вечерва во 19.00 часот пред основниот суд Скопје 1 Скопје е закажан мирен законски протест во подршка на Никола Груевски, против политичкиот прогон кон него и барање правда за него.