Додека повеќе од 300 автомобили чекаат на Граничниот премин Богородица, нашата полиција, со мирни, бавни чекори си носи кафе, и на дрзок начин ги „смирува“ нервозните патници, објави Канал5.
Според фотографиите и информациите кои ги доби Канал5 во овој момент од самиот граничен премин со Грција, револтот кај патниците е голем и се слушаат нервозни повици. Од друга страна, македонската гранична полиција на дрзок начин ги „воспитува“ нервозните патници, велејќи им дека и тие се луѓе и дека треба да имаат трпение.
Канал 5 ТВ ќе ги контактира надлежните за овој случај и ќе бара дополнителна информација.