Македонија 23. октомври 2018. / 13:14

Коѕијас: Си го вративме името Македонија

Коѕијас: Си го вративме името Македонија

Коѕијас вели дека Преспанскиот договор ѝ дозволил Грција да си го врати своето име Македонија.

„Во светот, ПЈРМ не се нарекува ПЈРМ, туку Македонија. И ако ги прочитате документите по гласањето во саботата, велат дека земјата го сменила името од Македонија во северна Македонија. Го вративме името“, изјави сега веќе поранешниот грчки министер за надворешни работи, Никос Коѕијас.

Преспанскиот договор ќе донесе стабилност на Балканот и ќе го намали влијанието на Турција во регионот, изјавил Коѕијас, пренесува Катимерини.

„Дали сакаме најблискиот сосед да биде под влијание и контрола на трети сили, како што е Турција? Или сакаме да имаме стабилност на Балканот во сегашните граници и сé поголемо влијание на нашата земја во регионот против дестабилизирачки сили? “, праша Кодиас на настанот што го организираше политичкото движење „Прато “ чиј основач е тој пренесува БГНЕС.