„Земјите што не притискаа финансиски за да направиме договор, се земјите кои имаат приговори да им се даде датум за почеток на преговорите со ЕУ“, изјавил министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас на прес-конференцијата на безбедносната конференција во Родос.
Франција и Холандија продолжуваат да ги држат своите остри позиции против почетокот на преговорите за пристапување на Македонија и Албанија кон ЕУ, рекол Коѕијас, како што пренесува „Катимерини“.
Тој се осврнал на заедничкото писмо на Германија, Франција, Холандија, Данска и Луксембург, кое „укажуваше на проблемот за интеграција”, меѓу другото, со пјРМ.
„Во меѓувреме, три од петте земји, имено Луксембург, Данска и Германија, се повлекоа од оваа група, немаат остро противење, но Холандија и Франција остануваат“, рече Коциас, истакнувајќи дека ова била главното „мени“ на разговорите со албанскиот колега, Дмитри Бушати на Родос.
Тој додаде дека Атина работи напорнно со Тирана на постигнување на договор околу отворените прашања меѓу двете земји во следните неколку дена.
Што се однесува до Македонија, во понеделник, пред почетокот на состанокот на Советот за надворешни работи во Луксембург, Коѕијас ќе испрати во ЕУ и НАТО две писма со кои Грција ќе информира дека не се спротивставува на условното членство на ПЈРМ во двете меѓународни организации, пренесува „Катимерини“.
Но, Коѕијас потстети на европските земји кои имаат забелешки за европските перспективи на ПЈРМ, истакнувајќи дека се тоа истите кои финасиски ја притискале Грција да склучи договор(и).