Македонија 27. февруари 2021. / 12:46

Коцарев: На сите им е јасно дека се удира по Блаже Конески

Коцарев: На сите им е јасно дека се удира по Блаже Конески

Последниот удар се „реформите“ на факултетот со кои престануваат да постојат катедрите по македонскиот јазик и македонската книжевност, изјави претседателот на МАНУ, акад. Љупчо Коцарев во годината на одбележување на Блаже Конески и по повод настаните на Филилошкиот факултет кој го носи името на великанот.

– Последниот удар, во името на Конески, што се подготвува да се направи на Филолошки факултет кој го носи името на Блаже Конески, се „реформите“ на факултетот со кои престануваат да постојат катедрите по македонскиот јазик и македонската книжевност. УКИМ, МАНУ и други институции се формирани заради македонскиот јазик и македонската книжевност. Пораката што се праќа со укинувањето на двете македонски катедри и дома и надвор е јасна. Тоа ќе предизвика, што го знаат подобро поупатените од мене, лавина непопуларни реакции во светот по однос на македонистиката, што ќе резултира во гаснење на многу катедри/отсеци ширум светот каде што се учат македонскиот јазик и книжевност. Не верувам дека овие зборови ќе допрат до некого, но јас сакам да ги изречам.

Уште еднаш ви посакувам денес успешна работа. Ќе повторам, МАНУ ги подржува сите активности поврзани со Годината во чест на Блаже Конески. И посакувам успешна Годината во чест на Блаже Конески., гласи пораката на претседател на МАНУ, Љупчо Коцарев.