Македонија 13. March 2019. / 20:49

Коалицијата „За подобра Македонија“ со поддршка за кандидатката Силјановска

Коалицијата „За подобра Македонија“ со поддршка за кандидатката Силјановска

Коалицијата „За подобра Македонија“ по средбата со ВМРО-ДПМНЕ со одлука да ја даде поддршката и комплетно да застане зад претседателскиот кандидат професорката Гордана Силјановска Давкова.

– Ние цврсто веруваме и врз основа на целокупната онаа навигација која што ја добиваме од терен, врз основа на сите оние мерливи мерења на јавното мислење дека иден претседател на Република Македонија е професорката Гордана Силјановска Давкова. – изјави Мицкоски.

Тој ги повика сите граѓани, без разлика на етничката припадност да дадат поддршка за Силјановска.

– Ја користам оваа прилика да ги повикам граѓаните на Република Македонија, Македонците, Србите, Босанците, Турците, Ромите, Власите и сите останати да ни се придружат и да застанат со нас на 21-ви април масовно да излезат на гласање, да го поддржат кандидатот на Коалицијата „За подобра Македонија“, професорката Гордана Силјановска Давкова да ја подотворат вратата за пораз на заевизмот кој што како ментална матрица во последно време во Република Македонија зафаќа размери. А, на тој начин да се подотвори вратата и за организирање на предвремени парламентарни избори во кои што јас сум цврсто убеден, а и ние како Коалиција „За подобра Македонија“ дека ќе го поразиме и трајно ќе го испратиме на темната страна на историјата заевизмот во Република Македонија. – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.