Македонија 12. јуни 2020. / 13:57

Ќучук: Политичките чинители да се договорат датум за избори

Ќучук: Политичките чинители да се договорат датум за избори

Известувачот за  Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучуќ, ги повика партиите во земјава да изнајдат заеднички прифатлив датум за избори, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Сметам дека сите политичките чинители во Северна Македонија треба да најдат датум за изборите. Најважно е да се организираат слободни, фер и инклузивни избори, со целосно почитување на безбедносните здравствени протоколи, со цел да се конституираат целосно функционални институции, за да можат да се справат со кризите поврзани за Ковид-19 и претстојните преговори со ЕУ, напиша Ќучук на Твитер.