Македонија 09. декември 2020. / 11:29

Кјучук: И ЕУ и Бугарија губат со блокадата на Скопје и Тирана

Кјучук: И ЕУ и Бугарија губат со блокадата на Скопје и Тирана

Со блокадата на Северна Македонија и Албанија, освен Скопје и Тирана, губат и ЕУ и Бугарија, како и другите земји во регинот, оценува бугарскиот европратеник и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Кјучук.

Бугарија е една од државите што ја ставија евроинтеграцијата на земјите во регионот на многу високо место во својата агенда. Во исто време, јасно е дека со политичка блокада, нема да има победници, и сите ќе изгубиме. ЕУ ќе изгуби затоа што ќе биде поткопан нејзиниот кредибилитет, ќе се покаже како неспособна за решавање на големи геополитички прашања и да биде глобален играч. Ќе изгубат Република Северна Македонија и Албанија затоа што вложија големи напори на патот кон членствово ЕУ. На крај, но не и најмалку важно, ќе изгубат и нивните соседи, бидејќи процесот на интеграција бара градење на добрососедски односи, кои се поврзани со расчистување на историските спорови, вели Кјучук.

Според него, како што пренесува МИА, бугарската позиција кон Скопје е неразбирлива за другите земји од ЕУ, а Владата во Софија не направила ништо да ја образложи и објасни. Кјучук заедно со уште дваесетина европралементарци потпишаа декларацијата со која бараат од Советот на ЕУ да се доблокира евроинтеграцијата на Македонија и на Албанија.

Ова е позиција на 24 колеги кои имаат формална улога во процесот на интеграција на Западен Балкан. Таа има за цел да им пружи рака на двете земји, но исто така и на државите кои имаат скептичен поглед на политиката на проширување на ЕУ. Несомнено, актуелните противречности во ЕУ се големи, а ние мора да ги почитуваме очекувањата на европските граѓани, но и ветувањата кон земјите од Западен Балкан за нивниот пат кон членството во ЕУ, додава тој.