Македонија 06. април 2020. / 14:13

Ќерката на тетовецот починат од корона вирус бара истрага за несовено лекување

Ќерката на тетовецот починат од корона вирус бара истрага за несовено лекување

Наташа Апостоловска, ќерка на 69-годишниот тетовец кој почина од корона вирус, преку социјалните мрежи тврди дека нејзиниот татко не добил лекарска грижа додека бил на лечење во Заводот за рехабилитација во Капиштец.

Таа бара да се спроведе истрага за неговата смрт.

Вчеравечер почина татко ми. Се надевам дека ќе спроведе истрага. Најжално е што поради тие лекари и јас и мајка ми се заразивме и сме позитивни, тие не преземаат ни морална обврска, а ние ниту на погреб не може да му одиме на татко ми. Само за нас важат законите, прописите и упатствата – објави Апостоловска на профилот на „Твитер“, означувајќи ги и прашувајќи ги министерот Венко Филипче и Министерството за здравство.