Пристигнувањето на 200.000 кинески вакцини може да се пролонгира за неколку дена од предвидениот рок до крајот на овој месец, но не подолго, изјави денеска министерот за здравство Венко Филиипче.
Тој не сакаше да споменува датум, бидејќи како што рече, досега неколку пати било кажувано, но секогаш имало по некое ново прашање што треба да се дефинира.
Во меѓувреме, потпишан е договорот за набавка на руската вакцина и секојдневно се во тек разговорите со кинеската компанија и со „Фајзер“. Во разговорите како што рече е вклучен и рускиот амбасадор кој рекол дека ќе ги искористи своите лини контакти за да го забрза процесот.
Паралелно продолжува вакцинацијата на здравствениот кадар со вакцините кои ги добивме до Србија.
Досега се вакцинирани 2.000 лица кои работат со ковид-пациенти. Сите вакви работници во Скопје се вакцинирани и сега следи вакцинација на оние од другите градови. Потоа на ред се вработените во лабораториите кои испитуваат вакви примероци, матичните лекари и некои стоматолози.