Третообвинетиот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски-Кичеец денеска на пладне ќе ја добие казната, откако вчера, на самиот почеток на рочиштето, на изненадување на присутните ја призна вината за „примање награда за противзаконито влијание“.
Дали се чувствувате виновен, го праша судијката вчера Кичеец?
Да, гласеше краткиот одговор.
Дали доброволно ја признавате вината?
Да.
Дали сте присилени од некого за да го признаете делото?
Не.
Дали сте свесни за признанието по донос на казната и материјалните трошоци?
Да.
Ова беше содржината на вчерашниот дијалог меѓу судијката и Кичеец, по што неговиот предмет беше одвоен од предметот на првообвинетиот Бојан Јовановски алијас Боки 13 и тертообвинетата екс-шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева.
Бранителот на Зоран Милевски Кичеец, адвокат Александар Новаковски, во завршен збор рече рече дека обвинетиот од самиот почеток на процесот, имал шанса како сведок да го избегне обвинението, но тој од незнаење се довел во ситуација да биде обвинет.
-Судот да има предвид дека е татко на пет малолетни деца и досега е неосудуван. Тој од самиот почеток, иако не призна вина, ја зборуваше вистината пред Јавното обвинителство. Верувам дека Судот ќе го цени и признанието на вина“, изјави Новаковски.
Обвинителката Вилма Рускоска, во воведниот збор наведе дека ќе изнесат докази дека Боки 13 преку Кичеец прв стапил во контакт со Ана Камчева и дека не заборавил да ја земе торбата полна пари.
-Со оглед дека обвинетиот ја призна вината, предлагам Судот да му изрече казна, рече Рускоска.
На Кичеец му се заканува казна од една до 10 години затвор.