Македонија 22. март 2020. / 11:14

Кедев и Николоски со заедничка видео порака: Да се избориме заедно, затоа што секој живот вреди!

Кедев и Николоски со заедничка видео порака: Да се избориме заедно, затоа што секој живот вреди!

Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, и проф. д-р. Сашко Кедев со заедничка видео порака во врска со состојба со корона вирусот повикаа на зедничко делување, затоа што секој живот вреди.

Во своето обраќање, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека државата е пред најголемиот предизвик од своето постоење и дека е потребно да покажеме свесност, совесност и одговорност.

-Да покажеме дека можеме заеднички, да бидеме совесни, доблесни, одговорни и посветени, рече Николовски и додаде дека Македонија бара брза реакција од секого, а најмногу од најодговорните.

Професорот д-р. Сашко Кедев рече дека од медицината научил дека најважно за здравјето на човекот е дисциплината, а од животот дека животот е време.

-Мојот апел е да се однесуваме одговорно, свесно и совесно, да ги следиме препораките на стручните авторитети, и да запаметиме дека секој е господар на својот живот и сопственото здравје, рече д-р Кедев.

Докторите се за да помагаат за здравјето на сите нас, посочи д-р Кедев, на нашите најблиски и на сите граѓани, меѓутоа сега е моментот кога сите ние треба со своето однесување и личен пример да помогнеме исто така на докторите.