Македонија 23. април 2020. / 13:32

Казни од 20 евра за граѓаните што не носат маски, за фирмите по 2 000 евра

Казни од 20 евра за граѓаните што не носат маски, за фирмите по 2 000 евра

Во следните седум дена Министерството за внатрешни работи, Државниот санитарен и Здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат ќе даваат опомени, а потоа ќе почнат да казнуваат.

Казна од 20 евра е предвидена за граѓаните што ќе бидат затекнати на јавни површини без заштитна опрема како маска, марама или шал, со кои треба да го покријат лицето како превенција од ширење на Kовид-19.

За правните лица што нема да обезбедат заштитна опрема на своите вработени, пак, казната е 2.000 евра, а за одговорното лице во фирмата казната е 500 евра.

Ова се предвидува со Уредбата со законска сила што ја донесе Владата, а стапува во сила денеска.