Македонија 08. октомври 2019. / 11:43

Казнет вештакот на СЈО со 1.500 евра бидејќи не се појави на рочиштето за ,,Траекторија”

Казнет вештакот на СЈО со 1.500 евра бидејќи не се појави на рочиштето за ,,Траекторија”

На денешното рочиште за предметот „Траекторија“, Судот го казни вештакот предложен од СЈО, Страхил Глигоровски, бидејќи иако уредно повикан не дојде на денешното рочиште за да биде испрашуван.

Судијата Горан Бошевски рече дека поради неговото неприсуство на судењето за кое знаел од претходното рочиште се казнува со сума од 1.500 евра.

Глигоровски на претходното рочиште се изјаснил дека е неподготвен да одговара на прашањата.

Следното рочиште е закажано за 13 ноември.

Извор: Макфакс