Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева од денеска ќе биде запрена на македонските гранични премини и вратена назад доколку се обиде да ја напушти државата, дознава expres.mk од високи извори во државната администрација.
Извори во истрагата потврдуваат дека преку МВР на сите гранични полициски сили им е испратена наредба која се однесува на лицето Катица Јанева на која стои знакот „S“ или Стоп.
Тоа значи дека доколку се обиде да ја напушти државата Јанева ќе биде приведена и однесена пред соодветните државни органи кои издале налог со знакот S
Засега јавноста не е информирана за ваква мерка од страна на ОЈО и МВР. Официјално таа не е осомничена ниту обвинета иако се смета дека таа е обвинителката преку која Боки 13 остварувал влијанје за рекет.