Македонија 04. септември 2019. / 12:29

Катица Јанева наредила сите истраги на СЈО да се предатат на Јавното обвинителство

Катица Јанева наредила сите истраги на СЈО да се предатат на Јавното обвинителство

Специјалната обвинителка Катица Јанева, која е во притвор во истражниот затвор во Шутка како осомничена за случајот „Рекет”, дала наредба сите истраги и предистражни постапки на СЈО во рок од три дена да бидат предадени на Јавното обвинителство, пренесе Канал5.

Тоа значи дека целокупната документација, заедно со доказите и полномоштвата на обвинителите, треба да се префрлат во ЈО.

Мандатот на СЈО истекува на 15 септември. Неговиот иден статус треба да се реши со новиот закон за ЈО кој е во собраниска процедура, но за кој власта и опозицијата засега не можат да се усогласат.

Од СЈО најавија дека наскоро подетално ќе информираат за наредбата на Катица Јанева.