Македонија 28. декември 2018. / 10:19

Касими до Заев: Ако не ги исполниш нашите барања барај си други пратеници за уставни измени

Касими до Заев: Ако не ги исполниш нашите барања барај си други пратеници за уставни измени

Лидерот на Беса, Биљал Касами го повика премиерот Зоран Заев да седнат, како што вели, и да се види кои се можностите да се исполнат барањата за уставни измени што ги бара Беса.

-Досега немаше таква атмосфера и ако вака се продолжи најверојатно мнозинството ќе треба да размисли да најде уште гласови-изјави Касами за ТВ24.

Одлуката дали партијата ќе ги поддржи уставните измени ќе ја донесе централното претседателство на Беса.