До следниот самит на ЕУ, останува Македонија да ги исполни домашните задачи за интеграција во ЕУ. Неопходно беше да се оди на предвремени избори откако се случи француското вето во Брисел, изјави Биљал Касами, лидерот на движењето Беса по денешната лидерска средба.
Касами не го криеше задоволството од вечерашниот постигнат договор околу предвремените избори, кои ќе се случат во март, 2020 година.
–Го поздравуваме овој состанок на претседателот. Одлучивме да се оди на предвремени избори и народот да реши за понатамошниот пат на нашата држава. Иако ова се случи, Македонија останува посветена на евроатланскиот пат и не се разговара за никаква друга можност – кратко порача Касами.