Македонија 29. септември 2019. / 12:02

Касами: Џафери не ги претставува Албанците, тој ја претставува ДУИ

Касами: Џафери не ги претставува Албанците, тој ја претставува ДУИ

Талат Џафери е претседател на Собранието и тој не ги претставува Албанците, тој ја претставува ДУИ, вели Билал Касами во интервју за Радио Слободна Европа.

Тоа се гледа низ целото двегодишно функционирање на Собранието. Јас останувам на тоа дека за Македонија да биде држава во која сите сакаме да живееме, мора да се тргне предрасудата дали некој на некоја позиција ќе дојде само заради тоа што е Македонец или Албанец. Македонија ќе ја биде само тогаш кога граѓаните ќе се определат за една личност без разлика дали е Македонец или Албанец, туку ќе се определат според тоа кои вредности ги претставува, вредности кои заеднички ги споделуваме, а тоа се европски вредности – вели Касами.

На прашањето „Ќе се обидете ли како Беса да ги придобиете и грубите гласачи и Македонците, Ромите, останатите етнички заедници, да им понудите и на нив конкретна програма?„, Касами одговори „треба да направиме една разлика со тоа што ние бараме правда и права за Албанците, тоа за нас е многу важно затоа што Албанците и по Устав и по демографските бројки се многу важен елемент на државноста на Македонија. По сите параметри тие не малцинство класично, како другите малцинства. И ако тоа население не е задоволно, не ја има можноста да придонесува за развитокот на државата, државата постојано ќе се справува со кризи“.

Целата вест можете да ја прочитате ТУКА.