Водачот на движењето БЕСА, Билал Касами, денеска се сретна со премиерот Зоран Заев, а тема на состанокот беше продолжувањето на работата на Специјалното јавно обвинителство.
По состанокот Касами изјави дека Движењето БЕСА е за продолжување на мандатот на СЈО до завршување на сите случаи.
– Денес ја истакнавме нашата позиција до премиерот. Ние како Движење БЕСА го поддржуваме функционирањето на СЈО со сите свои капацитети. Нагласивме и дека прислушкуваните материјали треба да останат валидни и да ги заклучиме сите случаи што произлегуваат од следењето на комуникациите. Ги дадовме нашите предлози и очекуваме да се прифатат како амндмани. Сакаме „бомбите“ да бидат искористени како докази. – рече Касами, претседателот на движењето БЕСА.