Македонија 31. јануари 2021. / 20:30

Карпи се одронија на патниот правец Струмица – Берово, сообраќајот отежнат

Карпи се одронија на патниот правец Струмица – Берово, сообраќајот отежнат
Фото: илустрација

Одрон на карпи го отежна сообраќајот на патниот правец Струмица – Берово.

АМСМ соопшти дека вечерва, поради одрони од карпи и земја, сообраќајот на патниот правец Струмица – Берово над рудникот Огражден се одвива отежнато.

Поради врнежите, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите.