Македонија 04. декември 2018. / 14:30

Кардио операциите кај деца ќе се прават во болницата „Жан Митрев“ на сметка од ФЗОМ

Кардио операциите кај деца ќе се прават во болницата „Жан Митрев“ на сметка од ФЗОМ

Детскиот кардиохируруг Владимир Чадиковски и тимот што работи со него од 2019 година заминуваат во приватната болница „Жан Митрев“.

За еден месец сите операции кај деца кои можат да се направат во Македонија ќе се прават во приватната болница со пари од страна на ФЗОМ.

За министерот ова е најдобра опција додека се изгради новиот клинички центар, каде квалитетот на кадар од државното здравство со условите и во болницата ќе донеле подобар бенефит за децата.

За министерот оваа болница ги исполнувала критериумите за приватно јавно партнерство.

На прес конференцијата не беше присутен докторот Жан Митрев.

Медицинскиот тим што заминува во приватната болница ќе работи само кардио операции кај деца.

Годишно во Македонија се оперираат околу 80 деца, а околу 20 се испраќаа во болници во Европа.