Македонија 12. октомври 2019. / 15:33

Каракамишева: Хан лично ми кажа дека уште две земји се против преговори со Македонија, не е само Франција

Каракамишева: Хан лично ми кажа дека уште две земји се против преговори со Македонија, не е само Франција

Професорката Тања Каракамишева тврди дека Јоханес Хан лично, при неговото обраќање до Венецијанската комисија и кажал дека освен Франција, против преговори со Македонија се и Данска и Холандија.

Во своето обраќање до Венецијанската комисија, г-нот Хан спомна дека “неколку држави” имаат проблем со отворањето на преговорите со Македонија.На моето прашање кои се тие неколку држави г-динот Хан ги наброја Франција, Холандија и Данска.Прашање до владата: Зошто не ги информира македонските граѓани за вистинските случувања на терен и што сака да постигне со криењето? праша Каракамишева.