Македонија 10. јануари 2021. / 21:52

Каракачанов: Владата во Скопје го има Анексот од ноември

Каракачанов: Владата во Скопје го има Анексот од ноември

Македонскиот владин врв од ноември го има, но го крие анексот од 12 точки кој бугарската страна бара да буде прифатен од Македонија, објавува ТВ24.

Во кратка порака, велејќи дека е премногу зафатен, бугарскиот министер за надворешни работи Красимир Каркачанов за ТВ24 објаснува дека Владата во Скопје го има документот уште од месец ноември и според него, од тој документ зависат македонските преговори со ЕУ.

Но, што содржи бугарскиот Анекс, дали ги допира идентитетските прашања и зошто досега не е објавен, се одговорите на прашањата кои Телевизија 24 ги побара од македонската Влада и МНР.

Оттаму, велат практично не добиле одговор. Дипломатски се насочуваат на фактот дека постои комуникација и тоа е се, објави телевизијата

Повеќе прочитајте на следниот ЛИНК.