Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов со нова отровна стрела кон Македонија, овојпат нишанејќи кон шефот на дипломатијата Никола Димитров.
Трпението на Бугарија се исцрпува и неколку пати сум им го кажал тоа и на премиерот Зоран Заев, и на министерот за надворешни работи Никола Димитров, чијшто татко е еден добар Бугарин – го познавам лично и сум му одел на гости кога Никола Димитров беше мало момченце, изјави Каракачанов во интервју за порталот Дир.бг.