Македонија 06. јануари 2021. / 19:01

Каракачанов: Македонија треба да се извини на луѓето кои ги малтретирала затоа што биле Бугари

Каракачанов: Македонија треба да се извини на луѓето кои ги малтретирала затоа што биле Бугари

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, во интервју за БТВ рече дека Македонија можно е уште долго да чека за влез во Европската Унија.

– Не може со таков инат, каков што гледаме во Скопје… ‘Ама ние сакаме’… Па и јас можеби сакам многу работи во овој живот, но нешто што не е мое, како можам да го сакам? А тие сакаат сѐ. Не може да ја присвојуваш бугарската историја, не може да не се извиниш на тие луѓе кои си ги убивал и малтретирал со децении зашто биле Бугари и да ми кажеш ‘Ама ние имаме идентитет со векови’… Од каде го имате тој идентитет со векови? А да не ја отвараме другата тема, како беше создаден тој идентитет во ’44-та година“, рече Каракачанов.

Каракачанов вели дека Скопје води инает и има претензии за бугарската историја.

– Не може да не им се извиниш на оние луѓе што си ги убивал и тормозел десетици години, само затоа што биле Бугари и да кажеш: ‘ама ние имаме идентитет со векови’, вели Каракачанов.

Тој додаде дека македонскиот идентитет во 1944 година бил создаден со насилства, убиства и репресии кон Бугарите.