Македонија 29. септември 2019. / 19:24

Каракачанов ќе ја сруши владата ако Бугарија не ја блокира Македонија за членство во ЕУ!

Каракачанов ќе ја сруши владата ако Бугарија не ја блокира Македонија за членство во ЕУ!

Бугарскиот Министерски совет да го одложи барањето за членство на Македонија, ако не се решат историските прашања, бидејќи ВМРО-БНД ќе ја напушти бугарската влада, најави министерот за одбрана Красимир Каракачанов, пренесе бугарскиот портал „24часа“.

Каракачанов најави дека ќе го побара тоа пред 17 октомври, односно пред состанокот на Европскиот совет, на кој се очекува лидерите од ЕУ да донесат одлука за отворање на преговорите за членство на Македонија.

– Причината не е само поради изјавата на Пендаровски, туку поради целата политика која што ја води Македонија. Таа не го исполнува договорот за добрососедство. – вели Каракачанов.

Тој побара подобро решение од Министерскиот совет, бидејќи во спротивно ќе ја напушти власта.