Лидерот на ВМРО-БНД, вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов го предизвикува бившиот премиер на Македонија, Никола Груевски. Каракачанов е подготвен да замине во Будимпешта каде Груевски доби политички азил, зашто во Македонија е осуден на затвор. Еве го целиот статус на Фејсбук, пишува порталот Гласове.бг.
Очигледно политичките бегалци во 21 располагаат со многу слободно време. Исто и Никола Груевски е спокоен во убавата Будимпешта. Пишува ли тој, пишува долги историски фермани со една единствена цел-да ја изврти и да манипулира со историската вистина за бугарштината во Македонија и да ја оправда својата кражба на името и на историјата на ВМРО. Пишува, всушност, можеби и не е точниот збор…Точниот збор е-му пишуваат колеги-историчари како Никола Жежеов, Никола Србов или Ванчо Ѓорѓиев (угледен член и на меѓудржавната историска комисија). Барем да вложел труд за да го прочита тоа, што му го напишале, можеби ќе ја разбереше глупоста, личниот пад и најмногу патолошката омраза кон сопствениот бугарски род, што блика од секој негов ред. А можеби неспособноста да имаш реална претстава за себе си е сочувана негова мерка уште од времето кога во 90-тите работеше за банката на бугарската „Мултигруп“’ во Скопје.
За разлика од него јас немам време за губење, камо ли да се занимавам со неговите политички фрустрации и идентитетски комплекси. Имам за администратирање, модернизирам и подготвам за дејство во случај на опасност или потреба цела натовска и европска армија, пишува на својот ФБ профил Каракачанов.