Македонија 03. март 2019. / 09:54

Кандидатурата на Пендаровски денеска ќе се потврдува внатрешно во СДСМ и ДУИ

Кандидатурата на Пендаровски денеска ќе се потврдува внатрешно во СДСМ и ДУИ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ќе го одржи 23-от партиски конгрес на кој партијата треба да го потврди Стево Пендаровски за кандидат за претседател на државата на претстојните избори.

На отворањето на Конгресоте предвидено е обраќање на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, додека работниот дел ќе биде затворен за јавноста. На крајот на конгресот, кој повторно ќе биде отворен, ќе се обрати избраниот кандидат за претседател на државата.
Стево Пендаровски доби поддршка да биде заеднички претседателски кандидат на 31-на политичка партија од коалицијата предводена од СДСМ, владината коалиција исите поддржувачи на концептот за заеднички кандидат за претседател на државата.

Поддршката беше изразена на средба во петокот вечерта во Скопје по која премиерот Зоран Заев оцени дека ова е историска одлука и дека 31-на политичка партија заедно се обединија и покажаа дека националните се над партиските интереси.

– Почитувани граѓани се обединивме повторно сите Македонци, Албанци, Срби, Турци, Власи, Роми, Бошњаци и сите други. Првпат во македонската историја различните застануваат зад еден кандидат. Застануваме сите позади Стево Пендаровски. Надпартиски, европски, граѓански, пријател и претседател на сите и за сите граѓани на Република Северна Македонија-изјави премиерот.

За заедничкиот претседателски кандидат Стево Пендаровски исклучителна е честа да бидеш поддржан од претставници на сите етнички заедници, од 31-на политичка партија, но, и од многу граѓани кои воопшто не се членови на политички партии. 

 

Седница на Централниот совет на ДУИ ќе се одржи денеска во седиштето на партијата во Мала Речица.

На седницата ќе се разговара околу претседателските избори, конгресот на младината на ДУИ, конгресот на форумот на жените на ДУИ, како и за процесот на рирегистрација на членството.