Македонија 02. декември 2019. / 20:20

Канческа-Милевска: Не сум консултирана за изјавата на Александрова

Канческа-Милевска: Не сум консултирана за изјавата на Александрова

Пратеничката Емилија Александрова денеска даде изјава, зборувајќи во мнозинство, во која го осудува лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски, кој бара уште сега собранието да ратафикува влез на Македонија во НАТО.

Во осумте независни пратеници кои потекнуваат од ВМРО ДПМНЕ спаѓа и пратничката Елизабета Канчевска Милевска, која пак порталот Вечер ја прашадали се согласува со ставот на својата колешка Александрова.

– Секој може да доставува предлози и иницијативи до собранието, секој може да има различен став и мислење по одредени прашања, и кога ќе ја видам таа иницијатива тогаш и би се произнела, никогаш не бегам за било каков став кога станува збор за нешто што е од суштински интерес за нашата држава, тоа е и всушност демократија, вели Канчевка, која рекла дека не слушнала за пресот на колешката Емилија Александрова, ниту била запознаена, ниту консултирана.

Понатаму Канческа за порталот Вечер вели дека не смета оти предлогот на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски за ратификација за членството во НАТО е за осуда, напротив, вели таа, тоа е само чекор поблиску до остварување на таа цел.

– И пред се потврда дека без поддршката од страна на пратениците на ВМРО ДПМНЕ кои гласаа за уставните измени ова прашање, поточно членството во НАТО не можеше да се реазлизира. Мислам дека тоа прашање треба да се затвори, да се обединиме, за да можеме да продолжиме понатаму, вели Канческа.

Таа смета дека овој пратенички состав направил многу во однос на реформите во насока на евроатлантските интеграции и дека овој состав треба да ја изгласа и да ја потврди ратификацијата на протоколот за членство во НАТО.

Во врска со оставката која Александрова ја бара од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Канческа Милевска вели дека Мицкоски на конгрес е легитимно избран за претседател на партијата и нема зошто да бара оставка.

Целиот текст од порталот Вечер може да го прочитате тука.