-Во оваа кампања главна цел ни е да ги слушнеме идеите кои што ќе ги дадат граѓаните, во иднина да ги преточиме во програма со која што програма ќе настапиме на предвремените парламентарни избори на 12 април, следната година. За генералните проблеми сите сте свесни, свесни сте колку неспособниот радикализам на Зоран Заев ни го уништува секојдневието, ни го прави животот мачен и тежок, едноставно невозможен, изјави Димовски.
-Мора да ставиме крај и на владеењето на стравот, крајно време е народот да се ослободи од овие стеги. Време е народот да си ги добие своите права, да го добие сето она што го заслужува и да го гледа својот просперитет и перспектива во Република Македонија, потенцираше Димовски.
-Денес сме во еден од најубавите делови од Македонија кој што е целосно запоставен нема луѓе по улиците, младите се иселуваат бидејќи нема никаква гаранција за нивната иднина. Треба да понудиме прогрес, треба да понудиме развој и тоа сето ќе го видите во една конкретна политичка програма насочена кон подобрување на сите овие области кои ги спомнавме. Имаме влада која во последните 3 години успеа само во една работа, распродажба и лицитација на националните интереси со нашето достоинство и со нашиот идентитет, рече Муцунски.