Македонија 04. јули 2018. / 15:07

Каменос: Македонија ќе биде поканета во НАТО кога ќе го исполни договорот за името

Каменос: Македонија ќе биде поканета во НАТО кога ќе го исполни договорот за името

ПЈРМ ќе биде поканета да се приклучи кон НАТО кога ќе ги исполни обврските од договорот за името, изјави пред пратениците во парламенотот во Атина, министерот за одбрана и лидер на помалиот коалициски партнер во грчката влада „Независни Грци“, Панос Каменос, пренесува грчката новинска агенција АНА-МПА.

Каменос потсети дека Македонија има конкретни обврски кои ги презеде со потпишувањето на Преспанскиот договор. Дури тогаш, вели Каменос, грчкиот парламент ќе го ратификува договорот-чекор без кој земјата нема да може да стане членка на НАТО.

„Во НАТО владее принципот на едногласност. Ако еден член не се согласува, земјата нема да може да стане членка на организацијата“, рече лидерот на „Независни Грци“.

Претходно, Каменос наведе продлабочување на кризата во грчката влада, истакнувајќи дека договорот за името е лош и може да биде одобрен само преку референдум или распишување на нови избори во земјата. Каменос предложи поголемо мнозинство при ратификување на договорот во грчкиот парламент.