Македонија 01. јуни 2020. / 18:05

Како Заев знаел за доказите кои ги имала Рускоска на 16 април ако пријавата е направена на 2 мај

Како Заев знаел за доказите кои ги имала Рускоска на 16 април ако пријавата е направена на 2 мај

Поранешниот премиер Зоран Заев му испратил порака на Бојан Јовановски на 16. април во која пишува: Дојди да се видиме и ќе се соочиме со доказите.

Како можел Заев да знае за доказите кои ги имала обвинителката Вилма Рускоска уште на 16 април ако пријавата е направена на 2 мај? Кој му ги дал доказите на Заев?, прашува „Република“.

Јас сум сведок и бев – тоа може да се провери многу едноставно доколку има некој интерес да го провери – на 10 ноември 2018 во точно 16 часот во кабинетот на тогашниот премиер Зоран Заев. Сабота како ден. Тогашниот премиер ми кажа дека голема штета направила Катица Јанева со отварање на предметот „Империја“ поради Сашо Мијалков и Јордан Камчев бидејќи имале пратеници кои им требале за да му гласаат уставни измени,  вели Бојан Јовановски.

Тој смета дека затоа не се вештачи неговиот телефон.

Не треба да се види мојот телефон за да не се види мојата комуникација со Сашо Мијалков. Затоа што Зоран Заев тогаш многу сакаше да соработува со Мијалков за помош во врска со референдумските прашања. Требаше да го снимаме Мијалков и тој да помогне, вели Јовановски.