Македонија 02. јули 2019. / 19:51

Како Заев лажеше дека Македонија доби датум за отпочнување на преговори со ЕУ

Како Заев лажеше дека Македонија доби датум за отпочнување на преговори со ЕУ

Датумите кои премиерот Зоран Заев ги ветуваше за отпочнување преговори со Европската Унија се погазуваат и никако да се исполнат неговите прогнози и ветувања. Прво почна со неславното селфи кое што беше сликано во владиниот авион во јуни 2018-та година

Штотуку добив позитивна вест, Македонија доби датум за отпочнување на преговорите

Тој тогаш ветуваше дека во јуни 2019 година отпочнуваат преговорите, па во Собранието напомена дека Македонија доби датум на преговори и Европскиот совет никогаш повеќе нема да се навраќа да утврдува датум за преговори. Но дојде и јуни 2019-та година и Македонија не доби почеток на датум, па Заев мораше да пласира нов оптимизам дека Македонија ќе добие датум за почеток на преговори во октомври 2019 година.

На Министерскиот совет написмено добивме правно формална гаранција дека не подоцна од октомври ќе добиеме датум за почеток на преговорите. Нема можност да се донесе ваква одлука без сите земји да бидат согласни што значи дека има консензуална одлука, порача премиерот Зоран Заев.

Сега се ближи октомври и пак почнува да спласнува оптимизмот за почеток на преговори. Се редат пораките од Европски преставници дека големи се шансите и овој пат прогнозите и ветувањата на Заев да не се реализираат.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов коментирајќи го можниот избор на Кристалина Георгиева за нова шефица на европската дипломатија нагласи оти не сака Бугарија да биде обвинета дека токму таа го попречува проширувањето.

Многу е веројатно земјите на Западен Балкан да не бидат поканети. И тогаш – Косоварите, Албанците, Македонците, Србите… ќе речат дека заради Бугарката не добиле покана, изјави Борисов во Брисел.

Дополнително скептицизам пристигнува и од Франција.

Блесаво е да барате датум за преговори овој период, имате толку многу проблеми, ќе треба уште да работите за да бидете спремни за датум, чудна ми е таа ваша опседнатост со датумот, рече францускиот амбасадор! Во Струга градоначалникот се однесува скандалозно, УНЕСКО ќе ви го одземе статусот на Охридско Езеро, имате толку многу корупција, се менуваат директори на школи на дилетантски начин, порача амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние.

Дури и лично претседателот на Франција Емануел Макрон порачува дека нема шанси за проширување на Еу со земји од западен Балкан.

Скептичен сум кон оние кои ни објаснуваат дека е потребно ново проширување, не успеваме ни со 28 членки да се договориме, така што ќе бидам бескомпромисен кон каков било вид проширување пред да се случи длабока реформа на нашето институционално фунцкионирање, изјави Макрон.

И самата германска канцеларка на која Заев го темели својот оптимизам порачува дека патот кон исполнување на условите за подготовка на земјите за членство е се уште трнлив

Денес состојбата во Западен Балкан е мирна, но има предизвици кои треба да се решат и потребно е да се исполнат условите за да се подготват земјите за влез во ЕУ. Патот е се уште трнлив, оценува Меркел во пресрет на СамитотЕУ-Западен Балкан.