Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците од денес функционира во нов објект.
Свеченото откривање на објектот денеска го направија заедно премиерот, Зоран Заев, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Собранието Талат Џафери, првиот вицепремиер Артан Груби и вицепремиерот Лупчо Николовски.

-Со обезбедување на просторното решение се обезбедуваат услови за реализација на работите што се однесуваат на функционирањето на политичкиот систем, реализација на стратешките приоритети поврзани со обврските кои произлегуваат од Рамковниот договор, како и обезбедување, координација и усогласување на работата на органите на државната управа за спроведување на овој Договор, рече премиерот Заев во своето обраќање.

Министерот Артан Груби рече дека со овој објект во вредност од 14 милиони евра Министерството за политички систем, обезбедува успешно функционирање на политичкиот систем, како и реализација на стратешките приоритети што произлегуваат од Охридскиот рамковен договор, а истовремено се обезбедила подобра координација и усогласување на работата на органите на државната управа за спроведување на овој договор.
Тој на својот фејсбук профил кусо по отворањето напиша: „Нашиот нов дом“.
Shtëpia jonë e re
Нашиот нов дом
Our new homePosted by Artan Grubi on Monday, January 4, 2021
Во Министерството на чие чело е првиот вицепремиер Артан Груби се вработени 1.410 луѓе а на работа одат само 44 од нив, но притоа сите земаат плата, пишува ТВ24. Зградата во која денес се всели министерството за политички систем е започната со градба во 2015 година, а беше спремна за вселување уште 2017 година.
Опозицијата реагираше дека СДСМ чекале буквално 4 години, можеби со мисла дека народот ќе заборави дека истата е градена во време на ВМРО-ДПМНЕ, за да биде вселено.
-СДСМ од инает не влегуваат во нови згради, затоа што тие се градени од ВМРО-ДПМНЕ, а од инаетот на СДСМ страдаат вработените во институциите, граѓаните и буџетот. Tоа што ВМРО-ДПМНЕ го изгради, Заев не може да го искречи, изјавија од опозцијата.