Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов попладнево реагираше во врска со исказот на обвинетиот Михаил Младеновски за случувањата од 27 април – дека советникот на претседателот, Синиша Алексоски, им кажал дека Иванов ќе прогласи воена состојба.
– Давање на лажен исказ е кривично дело. И по не знаеме кој пат, Кабинетот на претседателот на Република Македонија ги отфрла искажаните лаги, измислени настани и непостоечка комуникација за вмешување на советникот Синиша Алексоски во случајот од 27-ми април, се наведува во реакцијата од Кабинетот на Иванов.