Ако изборите во Република Македонија се одржат утре, ВМРО-ДПМНЕ ќе извојува убедлива победа со 6 проценти предност пред СДСМ, што е за повеќе од 4% повеќе од претходните парламентарни избори одржани во 2016 година, потврдува анкетата на ИПИС објавена на платформата Јуроп електс.
Анкетата е направена на репрезентативен примерок од 1109 испитаници во периодот од 14 до 17 септември 2019 година, односно цел месец пред добивањето, односно недобивањето датум за преговори со ЕУ. Отуука, овие резултати треба да се земат со резерва, бидејќи по 17 октомври ситуацијата драстично се менува поради разочараноста на гласачкото тело во неисполнувањето на врвниот приоритет на Владата – членството во ЕУ. Многу е веројатно новите анкети да покажат уште поголема разлика во рејтинзите на опозициската и владејачката партија.
Ако се има предвид дека испитаниците не се поделени по етничка припадност, разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во македонскиот блок е повеќе од 10% или изразено во гласови на изборите, повеќе од 100.000 гласа во корист на опозициската партија.