Претседателот на најмоќната европска партиска групација ЕПП, Јозеф Даул, преку Твитер се обрати до македонската опозиција да учествува во носењето на важни одлуки за идните генерации.
– Треба да се преземат важни одлуки од ПЈРМ, кои ќе ја дефинираат иднината на генерации. Опозицијата има голема одговорност за патот на земјата кон ЕУ и НАТО, и треба да биде конструктивна во демократскиот процес – напиша тој на Твитер.