Најголемиот и најуспешен проект на СДСМ во Битола се вработувањата на најблиските роднини и пријатели и по некој гласен партиски активист, изјави Марко Јосифовски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.
-Се што ветија, излажаа, но затоа можат да се пофалат со големи бројки на свои вработени најблиски роднини и пријатели. Особено, сега пред големиот пад од власт, вртоглаво се објавуваат огласи и се сместуваат нивните роднини и пријатели, иако и Државната комисија против корупција потврдува дека тоа е проблематично.
Статистиката во Битола е поразителна: во ЈП Нискоградба вработени се во просек по десет луѓе во овие две години, во Пазари седуммина, во ЈП Водовод 42 вработувања, а во ЈП Комуналец власта вработила 62 лица или реализирала дури 31 вработување по година.
И се ќе беше добро, ако најпрвин ги реализираа проектите кои ги ветуваа, ако создадеа минимум услови за толкав голем број вработувања. Но, никој ништо веќе не очекува од оваа власт на СДСМ, никој ништо не очекува од градоначалничката Наташа Петровска, а нивните членови одамна се разочарани и демотивирани од лагите кои му ги кажуваа.
12 април нека биде заедничкиот чекор за победа на правото и правдата, сите заедно на 12 април за обнова на Битола, во која ќе може да се живее нормално, учениците да имаат превоз, секој да има еднакви шанси за вработување според своето образование, право на подобро здравство, секој од нас да има право на лично, но и национално достоинство ! Одговорност ќе има и сите што се огрешиле, ќе одговараат пред правдата!, изјави Јосифовски.