Пратеникот Иван Јорданов предупреди за недостатокот и на кислородни боци на инфективното оделение – Ковид центарот во Штип.
„Можам да посведочам од пациенти и од фамилии на пациенти, за жал некои од нив веќе починати, луѓе коишто директно работат и помагаат на заболените од овој ковид центар, ако може така да се нарече затоа што дефинитивно е во импровизирани услови“, рече Јорданов восиноќешното гостивање на емисијата „Заспиј ако можеш“.
Недостатокот и доцнење на кислородни боци на инфективното оделение – Ковид центарот во Штип, треба да претставува доволна причина јавното обвинителство да покрене случај и да истражи што се случува таму, појасни Јорданов.
Кратко потоа, на социјалните мрежи беше споределен статус кој сведочи за состојбата и условите во кои се третираат пациентите во штипското ковид одделение.
„И јас да се придружам кон пофалбите за нашето здравство и Вашите изјави дека ,, се е под контрола ,, коишто секојдневно кружат по социјалните мрежи. ДНО ДНА“, пишува изреволтирана девојка чија мајка починала како последица од Ковид-19, а иако се обидувала да добие помош од медицинскиот персонал и кислород никој не одговорил на нејзините повици.
Ниту семејството на починатата можело да добие информации за нејзината состојба, ниту нејзините обиди да добие медицинска помош јавувајќи се на телефон иако била пациент во болницата.
„Во прилог ќе Ви ги ставам СИТЕ повици во кои мајка ми се обидела да ДОБИЕ ПОМОШ, ДА ДОБИЕ КИСЛОРОД ЗА ДА ДИШЕ.
Првите обиди се во среда ( 11.11.2020 ) од 2:45 – 2:59 КОГА СИГУРНО И БИЛ ПОТРЕБЕН КИСЛОРОД ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕ, но секако, никој не ја удостоил со одговор, а се прашувам КОЈ мислат дека би вртел на тој број ако нема потреба, посебно не 4 пати во текот на 15 минути? НИКОЈ, а посебно не ПАЦИЕНТ кој дише со кислородна подршка“, пишува ќерката на 41-годишната пациентка.
„Истата вечер уште два обиди во 3:24 и 3:51. Колку вродиле со резултат можеме само да претпоставуваме. И еве сме кај клучната ноќ. После нашиот последен ,, нормален ,, разговор на 12.11.2020 во 18:46 часот МАЈКА МИ СЕ ОБИДУВАЛА ДА ДОБИЕ ПОМОШ КАЈ ИСТИТЕ ТИЕ СЕСТРИ И ДОКТОРИ СО 10 ПОВИЦИ СЕКАКО НЕУСПЕШНИ ОД 20:23 – 20:29. Да, 10 неупешни повици за да добие можност да дише. И не само тоа. Овде се и ДВЕ МОЛБИ ЗА ШАНСА ЗА ЖИВОТ СО ДВЕ ПОРАКИ од кои едната гласи ,,Ова е итно. Јави ми се. ” што била испратена како брза автоматска порака после неуспешен обид да ги добие преку повик и уште една порака ,,Боца кислород треба горе во четворката ,, – порака испратена со којзнае колку МАКА И НЕМОЌНОСТ. И после ова господине Венко Филипче, мене ми е совршено јасно зошто последните зборови на мајка ми беа дека е преморена. Јасно Ви е и Вам. Јасно ни е на сите. Мајка ми нема да ја вратиме НИКОГАШ ПОВЕЌЕ, на мајка ми никогаш повеќе нема да и биде потребен кислород, мајка ми повеќе НИКОГАШ НЕМА ДА МОЛИ ЗА ШАНСА ДА ВДИШЕ И ШАНСА ДА ЖИВЕЕ. Но, има други мајки, татковци, дедовци и баби кои ќе имаат потреба неуспешните обиди на мајка ми да се претворат во успешни“, пишува во дел од објавата.
Целиот статус може да го прочитате во продолжение:
Господине Венко Филипче,
И јас да се придружам кон пофалбите за нашето здравство и Вашите изјави дека ,, се е под…Posted by Михаела Довичинска on Sunday, November 15, 2020