Жалам што власта сака да ја релативизира состојбата во која што се наоѓа Република Македонија затоа што општ впечаток е ако 80 држави во Светот започна со вакцинација на населението, власта во Република Македонија е се уште ја замајува јавноста дека е потпишан договор со една фармацевтска компанија, па со друга. За еве денеска да видиме една друга информација која се пласира дека конечно сме склучиле договор за набавка на одредена количина на вакцини, смета пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов во денешното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24.
Според Јорданов, власта нема стратегија за решавање на економската криза односно како што речи за полесно да се справиме со економската криза треба да се справиме со здравствената криза а токму имунизацијата на населението е еден чекор.
-Верувам дека и ова е еден обид за купување на време, затоа што ако се имаше стратегија за имунизација на населението, по примерот на Србија и по примерот на другите околни држави, еве да не се компарираме со високо развиените држави исто така властите можеа да организираат набавка на вакцини пред се и за полесно справување со економската криза. Затоа што вие ако не го затворите решавањето на здравствената криза или ако немате стратегија како да ја решите здравствената криза, а вакцинација односно имунизацијата е еден чекор во надминување на здравствената криза, вие имате пролонгирање на економската криза, вели Јорданов.
Јорданов смета дека не смее да биде изговор изјавите од страна на власта дека не сакаат да експериментираат со граѓаните и поради тоа доцнат вакцините.
-И затоа во таа насока сметам дека ваквите изговори дека не сме сакале да бидеме експеримент, односно дека не сме сакале да експериментираме врз нашите сограѓани па затоа доцниме со вакцините, додаде пратеникот Јорданов и додаде дека доколку власта во Македонија би била понормална тогаш до сега процесот на вакцинација на населението ќе бил започнат, ако имавме понормална влада процесот на вакцинација до сега ќе беше започнат, истакна тој.