Утрово на Радио Лидер беше гостин колумнистот и аналитичар Агим Јонуз кој произнесе многу интересни ставови. Тој зборуваше за билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија и истакна дека барањата на нашиот источен сосед се „страшна лудост“.
Агим Јонус се осврна и на односите меѓу власта и опозицијата и кажа дека е крајно време за сеопшт народен консензус.
– Стана одвратно да имаме опозиции кои само критикуваат и не даваат решение. Крајно време е за сеопшт народен консензус. Да видиме што правиме и каде одиме, кажа Јонуз во утринскиот подкаст на Златев на Радио Лидер.
Тој застана во поддршка на македонскиот народ и според него ова што го прави Бугарија е лудост.
– Ова што го прави Бугарија не е мега, тука тера лудност, старшна лудост. Со Грците имавме проблем. Грција не бараше да кажеме дека ние сме Грци, за разлика од Бугарија. Доколку ние кажеме дека сме Бугари, тогаш ние ја изгубивме Македонија еднаш за навек, потенцираше колумнистот Јонуз.
Целото видео може да го погледнете тука.