Македонија 10. март 2020. / 22:45

Јонуз: Квалитетни кандидати за пратеници има Мицкоски

Јонуз: Квалитетни кандидати за пратеници има Мицкоски

Листите кои што ВМРО-ДПМНЕ ги објави вечерва беа тема на разговор во вечерашното издание на емисијата „А што не е јасно“ на Алфа Телевизија. Според аналитичарот Агим Јонуз станува збори за квалитетна екипа за превземање на власта.

Она што ме бендисува има две лица, првото лице сосема нормално костурот се луѓе кои што досега на политичката сцена донесоа резултати, што би се рекло тешкаши. На тој костур е само залепено ново, месо имаме нов лик. Тоа што ми се допаѓа мене е што има нови имиња за кои не можевме да се зачудиме што се на листа, Но додека ги следевме имињата не можевме да не се зачудиме кога го слушнавме името на Сафет Бишевац. Мислам дека со овој состав, доколку се влезе во превземање на власта, квалитетна екипа има Христијан Мицкоски, вели Јонуз.