Во интервјуто за поглед.мк Претседателот на Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека: Точно е имаше недостатоци во минатото, имаше грешки за кои ја од срце се извинувам, но претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ стори многу повеќе за младите од било која друга влада во Македонија досега.
ПОГЛЕД: Одржавте прес за кревање на студентскиот стандард, зборувавте дека студентите немале парно греење и топла вода, зборувавте дека состојбата во студентски домови е катастрофална и очајна. Како младите можат да го поддржат Јаулески во оваа битка за подобар студентски стандард ако се земе предвид фактот дека и во изминатите години кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ тие ги имаа истите проблеми, бидејќи нели борбата за подобар студентски стандард и нови и реновирани студентски домови не е од сега, туку таа трае со години?
Точно е имаше недостатоци во минатото, имаше грешки за кои ја од срце се извинувам, но претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ стори многу повеќе за младите од било која друга влада во Македонија досега. Само за потсетување ќе ви набројам неколку проекти кои беа направени, имено беше изграден целосно нов објект во СД Стив Наумов, се работи за објектот популарно наречен „бараки“, беа реконструирани два блока од СД Гоце Делчев со комплетно реновирање внатре и надвор, а во наследство беше оставен готов проект за реконструкција на останатуите два блока, процес кој се одвива многу бавно и до сега требаше да биде завршен. За жал поради оваа неспособна влада студентите нема ни во септември нема да се вселат. Дополнително беше набавен и нов мебел за СД Стив Наумов и СД Пелагонија.
Наместо студентскиот град кој има беше ветуван на студентите, а требаше да почне со изградба уште во првите шест месеци откако ја преземаа власта, сега гледаме влошување на студентдскиот стандард, храната е ниско калорична, во истата се наоѓаат лебарки, отпушоци во студентските домови се шетаат змии и разни глодари,за што гледаме иу згрозувачки видеа кои се постираат на интернет просторот од страна на студентите. Исто така студентите постојано се жалат и на немање на топла вода, па дури и во зимскиот период. Ние точно знаеме со што се се соочуваат младите во студентските домови, ја знаеме нивната мака, УМС во период после изборите ќе излезе со конкретни мерки со кои ќе посочиме што се треба да се направи, тоа ќе бидат и политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ откако ќе дојдеме на власт, која ќе ги имаме младите на прво место на листата на приоритети.