Македонија 15. април 2019. / 12:34

Јаулески од Чашка: Зората повторно да изгрее над Македонија и да донесе слобода и правда

Јаулески од Чашка: Зората повторно да изгрее над Македонија и да донесе слобода и правда

Денес сум овде во Чашка, мало но убаво место кое за жал е опустошено од лошите политики на власта. Го уништија земјоделството, кое е еден од главните извори на егзистенција во овој крај. Уништија сѐ што можеше да се уништи, дури и кога не остана веќе ништо што можат да уништат – го измислија, истакна Јован Јаулески од митингот на ВМРО ДПМНЕ во општина Чашка.

-Но, ние сме тука да ги исправиме грешките, да ја донесеме промената и исправиме неправдата која на Македонија и’ ја нанесоа Зоран Заев и неговите пајташи.
Тоа и’ го должиме на Неа, но и на хероите кои ги положиле своите животи за ова парче земја.
Ова е борба за татковината, и ние мора да истраеме и да ја донесеме зората.
Зората повторно да изгрее над Македонија и да донесе слобода и правда.

Зората ќе изгрее со победа на кандидатот за Претседател на Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска – Давкова. Со оваа победа почнува падот на заевизмот, но и доаѓа одговорност!

Да живее Република Македонија!-