Македонија 19. февруари 2020. / 11:38

Јаулески: Борбата кај младите не е само за економски опстанок, туку и за квалитетот на живот

Јаулески: Борбата кај младите не е само за економски опстанок, туку и за квалитетот на живот

Младите во Република Македонија се соочуваат со големи проблеми, изјави во своето гостување во Утрински брифинг, Јован Јаулевски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, напоменувајќи ги исселувањето, одливот на мозоци, владеењето на правото и корупцијата и квалитетот на високото обрзование, како најголеми проблеми кај младите.

Како УМС и како млади луѓе во рамки на ВМРО-ДПМНЕ, Јаулевски рече дека активно учестуваат во креирањето на политиките во партијата, како и во изготување на програмата за престојните парламентарни избори се со цел решавање на овие проблеми.

– ВМРО-ДПМНЕ дава голема шанса на младите во рамки на партијата. Тоа се докажува бидејќи сме најголемиот политички подмладок и бидејќи младите гледаат најголем потенцијал за свој напредок во рамки на УМС и на ВМРО-ДПМНЕ по автоматизам, рече Јаулевски.

Претседател на УМС смета дека во општеството недостасува ниво на политичка култура и рече дека е свесен дека перцепцијата на младите кога ќе се каже зборот политичар се сфаќа во негативна конотација и оттука вели тој доаѓа целата недоверба кај младиот човек во институциите.

– Веќе не станува збор само за економскиот опстанок на младиот човек, туку и на неговиот квалитет на живот. Без разлика на верската, етничката, политичката припадност, на крајот на денот сите ги имаме истите проблеми. На нас останува тие работи да ги надминеме, рече Јаулевски.