Македонија 10. мај 2020. / 14:11

Јанушев: Заев пред камери со раката на срце, зад камери го пцуе и го навредува сопствениот народ

Јанушев: Заев пред камери со раката на срце, зад камери го пцуе и го навредува сопствениот народ

Го видовме вистинското лице на Зоран Заев. Кога е пред камери, е со раката на срце, а кога е зад камери го пцуе и дрско го навредува сопствениот народ. Пцуењето на Зоран Заев кон народот е тешка навреда за секој еден граѓанин, било тоа да е член на СДСМ или на ВМРО, или да не е член на ниту една партија.Нема друг таков политичар во светот кој го пцуе сопствениот народ и кој е аболиран за криминал.Исто така, Заев јавно признава дека СЈО предводена од рекетарската и криминогена дружина од на Катица Јанева е целосно под негова контрола. Тој самиот кажува дека управува со оваа компромитирана институција за рекет со зборовите „СЈО ќе превземе драстични чекори“!, изјави денеска генералниот секретар  на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев.

Воедно, Зоран Заев призна дека прислушуваните материјали ги давале надвор од партијата со цел да уценуваат политички лидери, но воедно дознаа и шарените, но и целата јавност дека и, цитирам, „Граѓанските организации, тоа што е финансирано од СОРОС, граѓанскиот парламент, студентскиот парламент се се полни со луѓе од СДСМ“. Бараме јавно извинување од Зоран Заев за тешките навреди и пцости кон народот. Овој човек не е достоинствен и не заслужува да се занимава со политика. Оставката е единственото нешто што му преостанува во услови кога е потопен со криминал и коруцпија. Заев го пцуе народот, открива дека контролира граѓански организации и студентски движења, дека го контролира компромитираното и рекетарско СЈО и дека уценува политичари со прислушкувани разговори. Заев од Македонија направи хибриден режим и сака да направи криминален пашалук. Секој еден граѓанин ќе ги запамети зборовите кои ги слушна од Заев и како тој лицемер ги пцуе и навредува граѓаните, изјави Јанушев.