Македонија 18. септември 2018. / 19:13

Јанушев повикува на протестен марш во недела, во Охрид

Јанушев повикува на протестен марш во недела, во Охрид

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев ги повика граѓаните да се придружат на протестниот марш на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид во недела со почеток во 13 часот.

-На 23 Септември 2018 година (Недела) со почеток во 13:00 часот пред хотел Палас (на Кејот на Охридското езеро) Ве поканувам да ни се придружите на Протестниот Марш на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, напиша генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на Фејсбук.