Генералниот секретарна ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на својот фејсбук профил напиша:
После бомбата вчера, целиот македонски народ сфати дека е долг списокот на рекетирани граѓани од страна на браќата Заеви. Очигледно е дека со тие пари ќе се купуваат гласови и ќе глумат хумани и загрижени богаташи кои донираат пакети со храна на сиромашните.
Луѓето не веруваат на лагите и манипулациите зад кои се кријат, вчера добро слушнавме кој давал инструкции за рекетирање.Што уште не знаеме за предметот „Рекет“? Колку вистина има во зборовите на Бојан Јовановски кои ги кажа завчера во судницата: „Парите рекетирани во оваа Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви“
Дали конечно ќе се договорат и ќе кажат кој го пријавил случајот? Или мислат дека народот е слеп и не гледа какви договори паднале далеку од очите на јавноста?
Откриени сте! Провидните лаги пукнаа како меур од сапуница, уште неполн месец остана до вашиот политички крај. Дали имате план што потоа? Свесни сте дека правдата ќе ве стигне, свесни сте и се плашите. Ги испуштивте конците од своите раце бидејќи игравте нечесно со народот. Но, народот таа игра скапо ќе ви ја наплати, сметката доаѓа на 15 јули.